Почина српски ракометар на 35-годишна возраст

Ракометниот свет е потресен од веста за смртта на Никола Лазиќ, поранешен играч на Црвена ѕвезда и на Партизан кој ги покриваше позициите лев и среден бек. Лазиќ почина на 35-годишна возраст.

„Ракометниот клуб Партизан со голема тага и со длабоко сочувство се прости од својот поранешен играч Никола Лазиќ. Веста за неговата прерана смрт нѐ изненади и нѐ потресе, потсетувајќи нè на деновите кога како млад 18-годишник го облече црно-белиот дрес. Клубот изразува искрено сочувство до семејството и најблиските на Лазиќ“, се наведува во пораката на официјалната страница на Партизан.

Лазиќ, кој исто така настапуваше за Црвена ѕвезда, остави неизбришлива трага и во тие редови. За време на својата кариера играше и за клубовите Зајечар и Динамо Панчево, а минатата сезона потпиша договор со Уб и настапуваше за Пролетер Зрењанин.

- Оглас -

Најнови вести