Неверојатни вести пристигнуваат од Англија, а се однесуваат на Арсенал и можниот трансфер на голема ѕвезда од Ливерпул, кој би можело да игра клучна улога во нападот на Топчиите веќе следната сезона.
Арсенал оваа зима беше во потрага по напаѓач, а најмногу беа заинтересирани за играчот на Астон вила, Оли Ваткинс. Меѓутоа, нивната понуда за него беше одбиена, што значи дека Арсенал своите напори за доведување нов напаѓач ќе ги насочи кон летниот преоден рок.
Според информации од англиските медиуми, Арсенал веќе е во преговори со Ливерпул за трансфер на Диого Жота, кој би можел да го засили нападот на Топчиите следната сезона. Жота би можел да биде идеално решение за напаѓачките проблеми на Арсенал, не само заради неговите голгетерски способности туку и поради ширината која може да ја донесе во нападот.
Жота ја започна својата кариера во Англија, во Вулверхемптон, пред Ливерпул да плати речиси 60 милиони евра за неговиот трансфер. Оттогаш тој постигна 64 гола за Ливерпул, вклучувајќи осум оваа сезона.