Со Дончиќ во Лос Анџелес лејкерс пристигна и балканската музика (Видео)

Лука Дончиќ ги доби сите услови да се чувствува како дома на дебито за својот нов клуб, Лос Анџелес лејкерс. Словенецот кој целата досегашна НБА-кариера ја имаше поминато само во тимот на Далас маверикс, неочекувано беше разменет во Лејкерс.

Утрово Дончиќ го имаше дебито за Лејкерс, и тоа во убедливата победа над Јута џез. Сите во клубот беа фокусирани на тоа Лука да добие одличен пречек и да може побрзо да се вклопи во новата средина, па така пред почетокот на мечот во „Стејплс центарот“ ечеше балканска музика.

Многу хитови кои му се омилени на Дончиќ се најдоа на листата на песни кои беа задолжени за подигнување на атмосферата.

- Оглас -

Најнови вести