Селекторот Јончевски го одбра списокот од 16-мина кошаркари, на листата го нема Дамјан Стојановски

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, излезе со списокот на кошаркари на чиишто услуги ќе смета во претстојниот трет евроквалификациски прозорец.

Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа ќе замине за Талин, каде што на 21 февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус. Три дена подоцна, на 24 февруари (понеделник) ќе ја пречекаме Полска во Скопје. Натпреварот против Полска ќе се одигра во СРЦ Кале, со почеток во 18:30 часот.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 17 февруари (понеделник) со почеток во 18:00 часот, во СРЦ Кале.

По четири одиграни кола, Македонија е на третото место со една победа и три порази, исто колку што има и Полска, која е последна. Естонија и Литванија се со по три победи и само еден пораз.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
  3. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
  4. Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
  5. Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
  6. Стојан Ѓуроски – Работнички
  7. Дамјан Робев – Работнички
  8. Виктор Ефремовски – Работнички
  9. Андреј Шошкиќ – Работнички
  10. Теодор Симиќ – Кожув
  11. Страхил Николов – ТФТ Скопје
  12. Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
  13. Лејсон Зеќири – Башкими
  14. Андреј Јакимовски – Вашингтон Визардс
  15. Итан Хап – Валенсија
  16. Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл
- Оглас -

Најнови вести