Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, Серхио Агуеро, даде смела изјава пред првиот натпревар од плејофот за осминафинале во Лигата на шампионите помеѓу Сити и Реал Мадрид.
„Реал Мадрид не може да го победи Манчестер сити. Ако го победат Сити, ќе излезам гол на улиците на Манчестер и ќе си ги отсечам тестисите“, рече Агуеро во еден поткаст за плаформа наменета за навивачи на Барселона.
Легендата на Манчестер сити е дециден дека неговиот поранешен тим е подобар тим.
Не е сосема јасно дали 36-годишниот Аргентинец мислеше само на вечерашниот натпревар или за целиот двобој и елиминацијата на Граѓаните од Реал, но неговите зборови предизвикаа реакции кај навивачите.