Навивачите на Сити го „поздравија“ Винисиус

Играчите на Реал Мадрид на „Етихад“ во Манчестер беа пречекани со провокативен транспарент на кој има слика од Родри како ја бакнува „Златната топка“ и порака „Престанете да плачете со срцето“ што е наслов на песна на групата „Оејзис“ чии членови се фанови на Сити.

Но, оваа порака е директен атак кон Винисиус кој долго не можеше да се помири дека не е освојувач на „Златната топка“, а дури и од Реал во знак на протест одлучија да ја бојкотираат церемонијата во Париз на која фудбалерот на Сити беше прогласен за најдобар на светот во 2024.

- Оглас -

Најнови вести