Победата на ПСЖ над Брест од 3-0, како да најави дека сите вечерашни средби во Лигата на шампионите ќе бидат ефикасни со три или повеќе голови.
Најефикасно беше на дербито од плејофот за осминафинале, Реал Мадрид победи со 3-2 на гости кај Манчестер сити, но реваншот во Шпанија ќе реши за кој од овие тимови ќе има место во осминафиналето.
Халанд до вечерва немаше гол против Реал, а вечерва постигна два, вториот од пенал. За Реал погодија Мбапе, Брахим Дијаз и Белингам. Сити водеше 2-1 до 85-та минута, а потоа дојде пресвртот со голови на дете од школата на Сити и Англичанец.
Јувентус со 2-1 беше подобар од ПСВ, а Борусија Дортмунд со 3-0 го прегази Спортинг во Лисабон.
⚽️ GOAL: Bellingham
What an effort by Vinicius Jr
🇪🇺 Manchester City 2-3 Real Madridpic.twitter.com/fIRiNz2tS1
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 11, 2025