Му пееја „Каде ти е Златната топка?, им одговори со покажување на 15-ката на дресот

Бразилецот Винисиус доби непријателски пречек на стадионот „Етихад“ во Манчестер, на почетокот се појави транспарент вперен кон него и на кој пишуваше „Престани да плачеш од срце“ со фотографија на Родри како ја бакнува „Златната топка“.

Навивачите не застанаа тука, за време на натпреварот го исвиркуваа крилото и му скандира: „Каде ти е Златната топка?“.

Одговорот на Винисиус беше со покажување на логото со 15-те Лиги на шампиони кои ги има освоено Реал Мадрид. Манчестер сити само еднаш бил европски првак.

Инаку, Реал Мадрид се надева дека ќе продолжи традицијата која трае 52 години. Толку време Реал не бил елиминиран од англиски клуб во европски купови кога реваншот се играл во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести