УЕФА ги шокира: На помалку од 48 часа пред мечот им наложија да го сменат стадионот

Белгискиот тим Ројал Унион Сен Жил се најде во големи проблеми, и тоа на помалку од 48 часа пред одигрувањето на мечот против Ајакс, во нокаут-фазата од Лигата на Европа. Европската фудбалска федерација (УЕФА) му наложи на Ројал Унион да најде нов терен за одигрување на мечот против холандскиот гигант затоа што теренот на којшто досега играа во Европа, „Крал Бодуен“, не ги исполнува условите.

Според добрите познавачи, одлуката на УЕФА не е изненадувачка затоа што теренот на овој стадион била во очајна состојба веќе подолг период. Сега останува краток период за белгискиот тим да најде заменски стадион за да го одигра дуелот против Ајакс.

Стадионот на Ројал Унион „Јосеф Мариен“ воопшто не ги исполнува условите на УЕФА, па белгискиот тим како домаќин играше на стадионите во Андерлехт и Левен.

- Оглас -

Најнови вести