Покрај четирите меча од Лигата на шампиони кои се играат денеска, тука е и еден од најголемите градски дерби-дуели во Англија, па ако ги одиграте сите пет меча заедно на еден тикет според понудите од Квоти на денот, ќе добиетве вкупен коефицинет од 61,98. Тоа значи дека само со 100 вложени денари, можната добивка ќе биде 100 евра.
Бриж е домаќин на Аталанта и опцијата е двата тима да постигнат гол, а да има барем еден погодок во вториот дел за да биде добитна квотата од 2.10.
Евертон го пречекува Ливерпул во градското дерби, а јасно е кој е фаворит. За Ливерпул да победи и да има 2+ погодоци во второто полувреме, коефициентот е 2.60.
Милан гостува кај Феенорд и тука понудата е Росонерите да не загубат во дуел на кој двете екипи ќе постигнат погодок. Оваа комбинација е со 2.20.
Баерн Минхен треба да победи на гостувањето во Глазгов против Селтик, во пресметка на која ќе има од три до пет погодоци. Квотата за оваа игра е 2.40.
Монако и Бенфика треба да одиграат средба во која ќе има погодоци во мрежите на двата тима, но и во двете полувремиња за да биде добитна опцијата што се вреднува со коефицинет од 2.15.