Навивачите на Сити објаснија: „Транспарентот не беше наменет за Винисиус!“

Реал Мадрид со пресврт во самиот финиш го победи Манчестер сити на „Етихад“ со 2-3 во плејофот од Лигата на шампионите, но она за што се зборува е транспарентот на домашните навивачи на којшто пишуваше: Spot crying your heart out, или во слободен превод: „Престани да плачеш“.

Се работи за позната песна на бендот „Оејзис“, кои се големи навивачи на Манчестер сити, а сите помислија дека цитатот е упатен кон Винисиус, со оглед на тоа дека на транспаренетот имаше и фотографија од Родри со Златната топка.

Сепак, по натпреварот се огласија од групата We are 1984, кои се дел од навивачите на Манчестер сити и го изработија овој транспарентот. Тие велат дека пораката не е упатена за Винисиус, туку за друга личност.

„Никој од медиумите не сфати дека пораката на траспаренетот воопшто не е упатена кон некој на теренот. Тоа се однесува на Флорентино Перес. Тој беше човекот кој ја покрена кампањата против Родри и Златната топка. Треба да се испрати порака без оглед на резултатот“, велат од навивачката подгрупа на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести