Новинар на „Ас“ за мечот Борац – Олимпија: „Дуел од последното првенство на Југославија“

Екипите на Борац Бања Лука и Олимпија Љубљана утре ќе играат во плејофот од Конференциската лига. И за двете екипи е голем успех пласманот во оваа фаза, но една од нив ќе мине и во осминафиналето. Интересно е што утрешниот дуел за овие две екипи ќе биде прв официјален по сезоната 1990/91, кога и двете беа дел од првата југословенска лига.

Новинарот на шпанскиот „Ас“, Аксел Торес, направи осврт и се потсети на последните меѓусебни дуели на Борац и Олимпија.

„Ќе има многу гледачи кои на овие два натпревари ќе дојдат само од радозналост за атмосферата и околината. Тоа беше последната сезона пред војната. Лига во која играа фудбалери како Давор Шукер, Звонимир Бобан, Предраг Мијатовиќ, Мехо Кодро, Владимир Гудељ, Роберт Просинечки, Горан Влавоиќ, Дарко Панчев, Синиша Михајловиќ, Дејан Савичевиќ, Владимир Југовиќ, Ален Бокшиќ, Роберт Јарни, Славен Билиќ, Игор Штимац и Миодраг Белодедиќ. Би сакал да направам репортажа од овој натпревар, но нема бидејќи никој не сака да плати за таква работа. Би разговарал со навивачите кои биле на натпреварите во сезоната 1990/91 и кои ќе бидат и на овие. Би ги прашал многу работи: дали им е подобро денес или тогаш. Сакам да видам што ќе кажат Словенците, а што луѓето од Бања Лука“, вели Шпанецот.

Сезоната 1990/91 беше претпоследна во рамките на поранешна Југославија, но последна во која играа екипите од Хрватска и Словенија. Таа сезона шампион стана Црвена ѕвезда, пред Динамо Загреб и Партизан. Борац Бања Лука заврши на петтата позиција, додека Олимпија Љубљана беше шеста.

На двата меча победи Борац, во Љубљана со 2-1, а во Бања Лука со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести