Германскиот напаѓач Кај Хаверц се повредил на тренинг во Дубаи, па најверојатно ќе треба да биде опериран и веќе нема да може да игра до крајот на сезонава. Хаверц има скината тетива на коленото и му претстои подолга пауза.
Ова е силен удар за амбициите на неговиот тим Арсенал бидејќи Хаверц е прв стрелец на Топчиите со 15 гола во сите натпреварувања.
Проблем за Арсенал е што има повредени и други важни играчи, како Бујако Сака, Габриел Жезус и Габриел Мартинели, а веќе немаат право да купат нови играчи бидејќи преодниот рок заврши.