Клуб Бриж со контроверзен пенал во 93-та минута ја победи Аталанта

Белгискиот Клуб Бриж ја победи Аталанта со 2-1 во првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите. Триумфот дојде во 93-та минута, откако беше досуден контроверзен пенал што во гол го претвори Густав Нилсон.

Феран Џутгла во 15-та минута го доведе Клуб Бриж во водство, а израмни Марио Пашалиќ со погодокот во 41-та минута.

Ова е прв триумф за Клуб Бриж против еден италијански тим по пауза од 22 години, а реваншот се игра за шест дена во Бергамо.

- Оглас -

Најнови вести