Проблем за Шкупи, не успеа да ги регистрира новите засилувања за вториот дел од сезоната во Првата лига

Шкупи се соочи со неочекуван проблем пред стартот на пролетниот дел од сезоната, откако не успеа да ги регистрира новите засилувања, иако клубот тврди дека ги подмирил сите долгови кои доведоа до забраната за трансфери.

Од клубот потврдија дека бирократски пречки ја спречиле регистрацијата на новите играчи, но изразија увереност дека со тековниот состав ќе успеат да ги исполнат своите цели.

„И покрај тоа што ги исплативме сите долгови, не успеавме да го деблокираме трансфер пазарот. Како резултат на тоа, не можеме да ги регистрираме новите засилувања. Сепак, со тимот кој го имаме, веруваме дека ќе ги постигнеме главните цели за пролетниот дел од сезоната“, соопштија од Шкупи.

На стартот на вториот дел од сезоната, тимот од Чаир ќе се соочи со Работнички на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести