Фудбалер на Аугсбург е под истрага за случај од „сексуална природа“

Фудбалер на Аугсбург е под истрага за случај „од сексуална природа“, соопштија од клубот од Бундеслигата и обвинителството во Аугсбург.

„Аугсбург беше информиран дека обвинителството во Аугсбург започна истрага против еден од играчите на клубот“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Идентитетот на фудбалерот не беше откриен.

„Бидејќи случајот е во тек и задира во приватниот живот на играчот, Аугсбург не може да даде дополнителни коментари. Обвинителството, исто така, нема право да го објави името на играчот од правни причини“, додаваат од клубот.

Германскиот тим потврди дека фудбалерот моментно не учествува во тренинзите ниту во активностите на деновите на натпреварите, нагласувајќи дека „се применува презумпцијата на невиност за играчот“.

- Оглас -

Најнови вести