Одлична понуда: Со вложени 100 денари до добивка од 100 евра со Квотите на денот (Фото)

Пет натпревари од Лигата на Европа и Конференциската лига се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 61.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.10 и 2.45.

Фенербахче е фаворит против Андерлехт, па квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако избраниците на Жозе Мурињо победат во меч на којшто ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола.

И на мечот помеѓу Молде и Шемрок фаворитската улога ја има домашната екипа. Од Норвежаните се очекува да имаат водство на полувремето и на крајот да победат, а доколку има и најмалку два гола, тогаш квотата од 2.35 ќе биде добитна.

Ефикасно се очекува да биде на мечот помеѓу Гент и Бетис. Квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако им се затресат двете мрежи, но и ако има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Дербито на вечерта е дуелот помеѓу Порто и Рома, а и тука се очекуваат голови. Понудената квота од 2.45 ќе биде добитна доколку во првото полувреме бидат постигнати помеѓу еден и три гола, но и ако на целиот меч има најмалку три гола.

Неизвесно ќе биде и на мечот помеѓу АЗ Алкмар и Галатасарај. Квотата од 2.25 ќе биде добитна доколку една од екипите победи, односно ако мечот не заврши нерешено, но и ако двете екипи бидат ефикасни и се затресат двете мрежи.

- Оглас -

Најнови вести