Нејмар со едент потег ја крена публиката на нозе, Сантос повторно не победи (Видео)

Нејмар и во третиот меч по враќањето во Сантос остана без победа откако неговата екипа загуби со 2-1 на гостувањето кај Коринтијанс. Сепак, големата ѕвезда со еден потег потсети на најдобрите времиња и ја крена публиката на нозе. Нејмар уште еднаш покажа дека заборавил да игра фудбал и од прикажаното може да се очекува дека за скоро време ќе го гледаме оној препознатливиот Нејмар од времето во Барселона и ПСЖ.

По мечот, Нејмар имаше кратка средба со Мемфис Депај, фудбалер кој одлучи да ја напушти Европа и да се пресели во Бразил. Двајцата поразговараа и си ги разменија дресовите со бројот 10.

- Оглас -

Најнови вести