Барселона вложува во иднината, па го обезбеди потписот на еден од најталентираните фудбалери во светот

Младиот дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси, важи за еден од најталентираните фудбалери во светот. Штотуку наполни 18 години, а веќе има одиграно 42 натпревари за првата екипа на Каталонците и важи за столб на одбраната.

Фабрицио Романо објавува дека фудбалерот ќе остане во редовите на Барселона до 2030 година, а сега се очекува само формално потпишување на договорот. Сите детали биле договорени уште во јуни минатата година, но се чекаше фудбалерот да наполни 18 години.

Барселона претходно ги продолжи договорите и со Араухо, Мартин, Педри и Гави.

- Оглас -

Најнови вести