Ливерпул остана без победата против Евертон само поради раката на Ван Дајк (Фото+Видео)

Евертон и Ливерпул одиграа вистинско градско дерби на кое имаше од сè по малку. На крајот поделба на бодовите со гол во 98-мата минута, кој долго беше разгледуван во ВАР собата.

Спорно беше додавањето до Дакур на почетокот од акцијата па на ВАР-судиите им беа потребни неколку минути за да ја повлечат офсајд-линијата.

На крајот се покажа дека голот е регуларен според повлечената линија, а клучно за да биде признат голот беше раката на Вирџил ван Дајк, што може да се види и на фотографијата во продолжение.

- Оглас -

Најнови вести