Кристијано Роналдо најдобро платен спортист во 2024 година, Меси е четврти

Напаѓачот на Ал-Наср и на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, заработил 260 милиони долари во 2024 година, со што е најплатен спортист на светот, објави „Спортико“.

Според изворот, 40-годишниот Роналдо добил дури 215 милиони долари од договорот со неговиот саудиски клуб, а 45 милиони долари му легнале на сметка од рекламни договори.

Ѕвездата на НБА-тимот Голден стејт вориорс, кошаркарот Стеф Кари, е втор на листата со заработка од 153,8 милиони долари, а боксерот Тајсон Фјури е трет со 147 милиони долари заработени во 2024 година.

Напаѓачот на Интер Мајами и долгогодишен ривал на Роналдо, Аргентинецот Лионел Меси, е четврти со 135 милиони долари. Потоа следуваат кошаркарот Леброн Џејмс со 133,2 милиони, фудбалерот Нејмар со 133 милиони, боксерот Олександр Усик со 122 милиони, фудбалерот Карим Бензема со 116 милиони, фудбалерот Килијан Мбапе со 110 милиони и голферот Џон Рам со 105,8 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести