Затоа Купот е интересен и непредвидлив, осмиот го елиминира првиот носител!

Гостивар го изненади ТФТ со 72-62 во првото четвртфинале на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, чија завршница се игра во Гевгелија.

Во полуфиналето, гостиварци ќе играат со Кожув или МКК Куманово.

Петмина кошаркари на Гостивар имаа двоцифрен број поени, додека кај Црно-белите од скопско Тафталиџе само двајца ја надминаа бројката од 10 поени. ТФТ беше прв носител во Купот, Гостивар осми, но победата е заслужена и овојпат се покажа дека во Купот сè е можно.

- Оглас -

Најнови вести