Пелистер е втор полуфиналист во кошаркарскиот Куп

Пелистер се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија со победа од 76-72 против Чаир 2030 во драматичен меч.

Битолчани одлично отворија со 9-2, но Чаир брзо се врати и намали на 10-9. Пелистер повторно направи серија и поведе со 17-9, а разликата првпат стана двоцифрена (23-13). Битолчани го контролираа резултатот, а на полувреме заминаа со водство од 41-36.

Во третата четвртина Пелистер стигна до највисоки 12 разлика (55-43), но Чаир одговори со серија 5-17 и намали на 62-60 пред последниот период.

Во драматичната завршница, Чаир трипати израмни, но на крајот сепак Пелистер стигна до конечна победа од 76-72.

- Оглас -

Најнови вести