Дончиќ: Зарѓан сум, ми треба психолошки одмор

Лос Анџелес лејкерс утрово ја прекина серијата од шест победи откако загуби на гостувањето кај Јута џез со 131:119. Ова беше втор меч на кој заедно во дресот на Лејкерс се Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, а тимот од ЛА загуби од една од најслабите екипи во лигата.

Дончиќ за 23 минути постигна 16 поени, а од игра имаше шут 6/13. За тројка погоди три од осум, а од слободни фрлања беше очаен само со едно погодено од пет обиди. Словенецот имаше и пет лични греши, како и пет загубени топки, па и самиот е свесен дека одиграл под своето ниво.

„Зарѓан сум. Втор меч по повредата. Грешки, промашени слободни фрлања. Морам да бидам многу подобар“, самокритичен беше Дончиќ, кој додаде дека едвај чека да дојде олстар-викендот кој ќе го пропушти бидејќи нема одиграно доволен број мечеви, па ќе одмора.

„Ми треба одмор. Првенствено психички, но сепак треба и да се продолжи со работа. Уште ми треба време да се вратам во ритам. Среќен сум што повторно сум на теренот“, додаде Дончиќ, кој во првите два меча во дресот на Лејкерс има просек од 15 поени, 4,5 скока и четири асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести