Лион не знае како против Барселона

Време е за завршување на осминафиналните двомечи во Лигата на шампионите, а вечерва последните два реванши се за поправање на впечатокот, но и за решение кои две екипи ќе играат во четвртфиналето. Стандардно има натпревари од лигите во Англија, а ние подготвивме микс од два меча во ЛШ, два од Чемпионшип лигата и еден меч од холандското првенство.

Норвич – Хал (20.45 часот)

Даниел Фарке го прероди Норвич, а вечер имаат шанса со победа против Хал повторно да се вратат на врвот на табелата во Чемпионшип лигата во Англија.

На Островот на шега „канаринците“ ги прекрстија во Германци бидејќи со тренерот Фарке има уште петмина играчи од оваа земја. Играат токму по тој терк, цврсто, дисциплинирано и се меѓу главните кандидати за пласман во повисок ранг и можат да играат во Премиерлигата.

Норвич има четири победи по ред, но и Хал е во солидна форма и има шанси за настап во баражот. Лани одиграа спектакуларен меч, по кој со многу пресврти Хал го победи Норвич со 4-3.

Домаќинот е најефикасниот тим во Чемпионшип лигата со 72 гола на 36 натпревари, или по два во просек, а и Хал не е лош во офанзивниот дел. Може да биде ефикасно и вечерва на „Кероу роуд“, а Норвич е поблиску до победа.

Предлог тип: T11+I&1+II (2.40)

 

Барселона – Лион (21 часот)

Лион нема дерман од Барселона, на двапати испаѓаше во осминафиналето по дуелите со Каталонците, а уште нема победа во 7 меѓусебни дуели.

И како по правило, по нерешен резултат во Лион, Барселона ја користеше предноста на домашниот терен и го елиминираше францускиот тим во Лигата на шампионите.

Во Лион велат секогаш има првпат, но Барселона и дефинитивно не им лежи. Меси трипати ја тресеше мрежата на „лавовите“ од „Жерлан“ и тој и вечерва вообичаено ќе биде главниот адут. Барселона е релативно релаксирана на домашен план, има добра предност во битката за титулата во Ла Лига и може да се посвети комплетно на реваншот со Лион.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.05)

 

Баерн – Ливерпул (21 часот)

Ливерпул влезе во мала криза, клучниот играч Мохамед Салах е непрепознатлив и се чини преморен од континуираните настапи на повеќе фронтови. При ждрепката за осминафиналето се чинеше дека англискиот тим има поголеми шанси од Баерн, но сега веќе не изгледа така.

Баварците издржаа на „Енфилд роуд“, одиграа без голови и се во мала предност за реваншот на свој терен вечерва. Ја надминаа кризата и во Бундеслигата газат безмилосно. На последните три меча, по дуелот со Ливерпул во ЛШ, постигнаа 12 голови, се вратија потполно во трката за домашната титула откако ја стопија предноста на Борусија Дортмунд и се во налет.

Германско-англиските дуели се секогаш со посебен шарм, а ова е европски класик на два гиганти на фудбалот на Стариот Континент. Ќе биде неизвесно, а мала предност му даваме на Баерн.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.20)

 

Ајакс – Цволе (18 часот)

Ајакс полека, но сигурно се доближува до 100 голови во Ередивизија, а против Цволе во последно време игра мошне ефикасно.

„Копјаниците“ се во еуфорија по елиминацијата на Реал Мадрид, а и во домашното првенство не се откажуваат во трката за титулата со лидерот ПСВ Ајндховен. Ако го победат Цволе, ќе се доближат на два бода, што е достижна разлика.

Ајакс е машина за голови, има одличен состав со неколку екстраталентирани играчи, а што е најважно во холандски стил, воопшто не калкулира, туку игра за гол повеќе.

На последните пет од шест дуели со Цволе, Тадиќ, Зијех, Нерес и соиграчите постигнуваа најмалку три гола, што е достижна цел и вечерва.

Предлог тип: 1-1&2+ прво полувреме (1.70)

 

Вест Бромич албион – Свонси (21 часот)

ВБА ги загуби шансите за директен пласман во Премиер лигата со три кикса по ред во последните три кола. Како играат во последно време, загрозено им е и учеството во баражот за едно место во повисок ранг, но сепак засега имаат предност во однос на останатите конкуренти.

Свонси беше еден од фаворитите во сенка за пласман во Премиер лигата, но и велшкиот тим не игра добро, како и ВБА во последно време.

Двете екипи нема да калкулираат бидејќи и не им одговара реми. Свонси има четири порази по ред на гостински терен, а и покрај лошите настапи во последно време ВБА е фаворит.

Предлог тип: 1 (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести