Ги погоди точните резултати на победите на Јуве и на Сити и доби 5.000 евра

Јувентус стигна до посакуваната победа од 3-0 против Атлетико Мадрид, а Манчестер сити го растури Шалке со 7-0 во двата синоќешни дуели во Лигата на шампиони. Сигурно дека многу навивачи на Јувентус се надеваа и веруваа дека „старата дама“ може да стигне до посакуваниот триумф од 3-0, бидејќи италијанскиот гигант во првиот меч загуби со 2-0 во Мадрид. Кристијано Роналдо сам ги реши сите дилеми и со хет-трик во Торино го донесе посакуваниот резултат од 3-0.

Сити беше апсолутен фаворит против Шалке, ако се знае дека „граѓаните“ победија и во Гелзенкирхен со 3-2. Фактот дека Сити сезонава е како машина за голови и веќе неколку меча постигнаа по 6-7 погодоци било инспирација за еден обложувач да уплати тикет во обложувалниците на Sport Life во Гостивар со победа на Сити од 70, а тоа да го спои и со триумф на Јувентус од 30.

Победа на Јувентус од 30 беше со коефициент 12, додека за триумф на Сити од 70, коефициентот беше 55. За двата погодени точни резултати се добива вкупен коефициент од 660, а на 500 вложени денари, добивката е 330.000 денари. Храбра игра со среќен крај за овој типувач во Гостивар, кој е побогат за 5.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести