Де Бројне брутално искрен: „Животот е таков, не може секогаш да бидете на врвот“

Манчестер сити ја игра најслабата сезона под водство на Пеп Гвардиола, па после четири трофеи по ред, оваа сезона речиси сигурно нема да ја освои Премиер лигата. „Граѓаните“ се пред елиминација и од Лигата на шампионите, откако загубија на домашен терен од Реал Мадрид.

„Луѓето во моментов го гледаат Сити и си велат: ‘Тие мора да победат’, но не е така лесно да се направи тоа. Работиме напорно и мора да ја завршиме работата. Некогаш е тешко да се цени успехот во моментот, бидејќи мора да го правите тоа одново и одново, немате време да уживате во моментот.Понекогаш треба да поминете низ тешки времиња, но тоа е нормално. Тоа е животот, не може секогаш да бидете на врвот. Мислам дека луѓето очекуваат од нас да го освојуваме трофејот секоја година.“ – вели Кевин де Бројне.

Манчестер сити во моментов е на петтата позиција на табелата во Премиер лигата со 16 поени помалку од лидерот Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести