Големи планови: Реал Мадрид подготвува незаборавно лето на трансфер пазарот

Флорентино Перес подготвува незаборавен трансфер период налето на „Сантијаго Бернабе“. Речиси сите шпански медиуми објавија дека „кралевите“ и Винисиус воопшто не преговараат за продолжување на договорот, а веќе се започнати подготовките за продажбата на Винисиус.

Се очекува нов клуб на Бразилецот да биде Ал-Хилал во убедливо најскапиот трансфер во историјата кој би чинел неверојатни 300 милиони евра. Флорентино Перес со тие пари планира да купи тројца фудбалери, и сите би биле од Премиер лигата.

Желби на Реал Мадрид се Родри и Ерлинг Халанд од Манчестер сити, како и Вилијам Салиба од Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести