Анхел ди Марија: „Роналдо е роден во погрешно време, Меси е најдобриот на сите времиња“

Кристијано Роналдо неодамна во шпански медиуми изјави дека тој е најдобриот на сите времиња, но неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Анхел ди Марија, не се согласува со тоа. За него најдобар во светот е Лионел Меси.

„Го запознав Роналдо во четирите години додека игравме заедно и не сум изненаден што дал таква изјава. Секогаш така кажуваше. Неговата несреќа е што е роден во погрешно време. Еден од нив има осум Златни топки, а другиот пет. Тоа е голема разлика. Едниот ја однесе својата репрезентација до титулата светски шампион, а другиот не успеа во тоа. Едниот освои две Копа Америка, а другиот само едно Европско првенство, што е уште една голема разлика. Таа голема разлика се гледа и на натпреварите. Едниот од нив секогаш се труди околу се на теренот, додека другиот игра како да е во сопствениот двор. Знаат сите што направи Лео и повторно му успева на секој натпревар да мине покрај играчот и да погоди. Тој прави едно исто веќе 20 години и сите велат ‘знам што ќе направи’, но не можат да го сопрат. Не можат да ја спречат неговата тика-така, а нема да можат ниту кога ќе има 40 години. Лео е таков природно, а Кристијано е таков бидејќи се труди да биде тоа што е. За мене Лео е најдобриот во светот и во историја, без никаков сомнеж.“ – рече Ди Марија.

Лионел Меси и Анхел ди Марија беа дел од репрезентацијата на Аргентина која стигна до светската титула на првенството во Катар.

- Оглас -

Најнови вести