Само три минути му беа потребни на Елиф Елмас за да блесне во дресот на Торино и да го постигне деби голот во деби настапот за новиот клуб. Македонскиот репрезентативец во игра влезе во 62-рата минута против Болоња, а веќе во 65-тата минута гледачите имаа можност да уживаат во вистинска мајсторија на Елиф Елмас и гол за водство на Торино од 1-2.
За нашиот репрезентативец ова е 15-ти гол во Серија А и одлична најава за продолжението од сезоната.