Фудбалерите на Челзи и вторпат во само една седмица загубија од Брајтон, овојпат во меч од Премиер лигата. За разлика од натпреварот во ФА купот кога Брајтон славеше со 2-1, сега беа далеку поубедливи и победија со 3-0.
Домашните сите дилеми околу победникот ги решија уште во првото полувреме и водството од 2-0 со головите на Митома и Минтех. Токму Минтех во 63-тата минута ги постави и конечните 3-0 за Брајтон на овој меч.