Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски после пауза од два месеци, конечно се врати на зелените терени. Нашиот фудбалер во игра влезе во 94-тата минута во поразот на Жирона од Хетафе на домашен терен и имаше само четири минута за да ја спаси својата екипа од пораз.
Сепак, на крајот Жирона и вторпат по ред е поразена во Лига, но добра вест за нас и за репрезентацијата е враќањето на Бојан Миовски, кој се повреди на дуелот против Реал Мадрид на седми декември минатата година и од тогаш не одигра ниту минута за Жирона.