Акинфеев заврши со Русија, една од топ одбраните му беше во Скопје (Видео)

Игор Акинфееев реши да стави крај на репрезентативната кариера, а еден од петте најдобри моменти во неговите 112 настапи за Русија беше при гостувањето во Скопје.

На 13-ти октомври 2010 година, во квалификациите за Европското првенство 2012, Русите гостуваа во Скопје и победија со 1-0. Во 73-тата минута беше досуден пенал за Македонија. Илчо Наумоски беше човекот кој го изведе ударот од белата точка, но Акинфеев одбрани. Таа победа многу им помогна на Русите да се најдат на завршницата, па затоа таа одбрана е еден од најсветлите моменти во репрезентативната кариера.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=yb_eZ_hR3VM

Акинфеев на клупски план не го памети Скопје по добро. ЦСКА беше елиминирана од Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите во летото 2003 година.

Голманот, кој има 32 години, ќе се фокусира на настапите за ЦСКА Москва, а последен настап за својата земја му беше летоска, во четврт-финалето на СП во неговата родна Русија. Тој на голот на „Зборнаја“ стоеше 112 пати, а повеќе од него има само Сергеј Игнашевич со 127.

„Настапот на СП во мојата татковина беше врв на мојата кариера. Не освоивме медал, но верувам дека не ги разочаравме навивачите. Од националниот тим си одам среќен и горд. Имаме одлична генерација млади фудбалери, не се грижам за иднината“, изјави Акинфеев, кој целата клупска кариера ја мина во ЦСКА, за која собра дури 576 настапи.

- Оглас -

Најнови вести