И тоа се случи: Баерн Минхен првпат по 2008 година не успеа да упати удар во рамки на противничкиот гол

Баерн Минхен ја оствари целта и останата непоразен на гостувањето кај Баер Леверкузен. Мечот заврши без голови, 0-0, а изненадување е фактот дека „баварците“ во текот на натпреварот не успеаја да упатат ниту еден удар во рамки на противничкиот гол.

Откако се пресметува статистиката во Бундес лигата, од сезоната 2004/05, ова е само вторпат Баерн да не успее да упати удар во рамки на голот. Претходно тоа се случило на мечот против Волфсбург во 2008 година.

Баерн Минхен оваа сезона е најефикасната екипа во Бундес лигата со 65 гола на 22 натпревари или во просек по три на натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести