6002 Милан – Феенорд (18:45ч.)
Милан беше фаворит и на првиот меч во Ротердам, но тогаш Феенорд победи со 1:0. Тоа значи дека Росонерите немаат друга опција освен да победат на „Сан Сиро“. Само со еден гол разлика, Милан само ќе ја анулира негативата од првиот натпревар, што значи дека домаќините едноставно мора да бидат поагресивни и да нападнат од самиот почеток.
Предлог тип: 1&2-4 (2.17)
6004 Аталанта – Бриж (21 ч.)
Со гол во 95-тата минута, Бриж се радуваше на победа во првиот меч од 2:1. Аталанта ја има улогата на фаворит и едноставно мора да ја искористи предноста на домашен терен.
За Бриж е голем успех самиот пласман до оваа фаза и едноставно белгискиот тим нема што да загуби, а победата од првиот меч сигурно дава дополнителна самодоверба кај гостите.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)
6003 Баерн Минхен – Селтик (21 ч.)
Баерн победи на првиот меч во Глазгов и сега само треба да потврди дека нема да има проблеми против овој ривал. Селтик игра офанзивно, Шкотите сакаат да напаѓаат, но секако не може да му парираат на германскиот гигант.
На четири од последните пет меча на овие два ривали имало барем три погодоци, па и сега може да се очекува ефикасен натпревар.
Предлог тип: 2+I&4+ (2.08)
6007 Бенфика – Монако (21 ч.)
Некогашниот европски првак победи на гостински терен со 1:0 и сега пред своите навивачи само треба да го потврди местото во осминафиналето од ЛШ. Бенфика славеше над Монако и во групната фаза сезонава во ЛШ, што значи дека евидентно е кој има подобар тим.
Монако пред три дена со 7:1 победи против Нант во првенството, што е само најава гостите да тргнат офанзивно.
Предлог тип: ГГ3+ (1.72)
1011 Престон – Милвол (20:45 ч.)
Двата тима имаат освоено по 41 бод од 32 кола и се во „златната средина“ на табелата во Чемпионшип. Престон дома игра добро и во 16 средби има само два пораза (шест победи и осум нерешени).
Традицијата е на страна на Милвол затоа што во последните шест години овие два ривали играле 11 пати, а Милвол има седум победи, а четирипати било нерешено. Во Престон веруваат дека и покрај лошата традиција, ќе освојат водови на овој меч.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.75)