Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено. Претстои интересен викенд со нови предизвици за играчите, а едно од нив ќе биде и вечното српско дерби помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан.
Дерби-меч се игра и во Премиер лигата, каде што Ливерпул го пречекува Манчестер сити, а интересно ќе биде и на дуелите помеѓу Евертон и Манчестер јунајтед, односно Астон вила и Челзи.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.