АТП во последно време ја форсира идејата за што повеќе тениски турнири во Африка. Идејата е развој на тенисот на Црниот Континент, но она што се случи денеска во Бразавил, во Конго, многумина ќе натера да размислат дали е добро тоа.
Рускиот тенисер Иван Денисов на Челинџерот во Бразавил се спремаше да сервира во вториот сет на мечот со Холанѓанецот Ги Ден Оуден, а на улицата покрај теренот почнаа да се слушаат пукотници, се крена и бел чад од солзавецот кој беше фрлен кон цивилите од страна на војската, која така се обидуваше да ги смири за време на немирите во близина на судот.
Тенисерите беа зачудени, исплашени и принудени привремено да го напуштат теренот. Подоцна мечот се доигра, но ова беше искуство кое ќе го паметат цел живот.
Brazzaville R1: (tw // tear gas)) play delay on I. Denisov-G. Den Ouden, annotated pic.twitter.com/Mn5rfnvVDM
— eretzsportmed3 🎥 (@eretzsportmed3) February 18, 2025