Гвардиола за црвениот картон на Белингам: „Мојот англиски е добар“

Неизоставен дел од официјалната прес-конференција на Пеп Гвардиола пред мечот Реал Мадрид – Манчестер сити беше и прашањето за црвениот картон на Џуд Белингам на мечот против Осасуна. Каталонецот даде интересен одговор, кој може да се толкува на повеќе начини.

„Мојот англиски е добар, но не ја разбирам разликата помеѓу тие два збора. Тоа што е важно е намерата, а не навредата. Најдобро е тоа да не се прави и да се остави судијата на мир. Лоши одлуки секогаш имало. Треба да го прашате Џуд што мислел. Тоа е она што е важно. Можеби некого може да го навредите и со насмевка. Тоа не би било толку лошо, нели? Читам дека е отворена истрага. Ве молам, оставете ги судиите на мир“, рече Гвардиола.

Манчестер сити има негатива од 2-3 од првиот меч одигран на „Етихад“, па со победа може да се надева на пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести