Вака изгледа „костурот“ за ЛШ: Баерн на Баер или Атлетико, Бенфика на Барселона или Ливерпул (Фото)

Екипите на Феенорд, Бриж, Баерн Минхен и Бенфика им се придружија на најдобрите осум од групната фаза од Лигата на шампионите во осминафиналето. Според претходно утврдениот „костур“ за Лигата на шампионите, веќе е познато дека Баерн Минхен ќе игра против Баер Леверкузен или Атлетико Мадрид, додека се чини дека Бриж имаше најмногу среќа бидејќи за противник ќе го добие Лил или Астон вила.

Бенфика со елиминацијата на Монако ќе игра против Ливерпул или Барселона, додека Феенорд за противник ќе ги има Интер или Арсенал. Противниците на екипите кои ќе ја минат плејоф-фазата ќе бидат одредени со ждрепка, а во другиот сад се екипите кои завршија на првите осум позиции во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести