Коефициенти и до 2.85 за натпреварите од ЛШ и за Ливерпул во Квотите на денот (Фото)

Натпреварите од Лигата на шампионите, како и премиерлигашкиот меч на Ливерпул се дел од Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 55.1, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.85.

Од екипите на Борусија Дортмунд и Спортинг Лисабон се очекуваат голови, а квотата од 2.00 ќе биде добитна доколку ги има помеѓу еден и три во првото, но и во второто полувреме.

Голови во двете мрежи се очекуваат на мечот од Премиер лигата помеѓу Астон вила и Ливерпул, а за да биде добитна квотата од 2.00 потребно е да има и најмалку еден гол во првото полувреме.

Понудената квота од 2.10 за мечот помеѓу ПСВ и Јувентус ќе биде добитна само ако има голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња.

Од ПСЖ се очекува нова убедлива победа над Брест, а квотата од 2.85 ќе биде добитна само ако „светците“ имаат водство на полувремето и на крајот победат, но и ако се паднат барем два гола во првиот дел.

Сè освен вистинска голеада на мечот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити ќе биде големо изненадување. Квотата од 2.30 ќе биде добитна доколку има помеѓу еден и три гола во првото полувреме, но и ако бидат постигнати најмалку четири гола на целиот меч.

- Оглас -

Најнови вести