Одредени цените на билетите за фудбалскиот меч Македонија – Велс

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одржана денеска беа донесени повеќе одлуки.

Донесена е одлука за распределба на финансиски средства од УЕФА Лигата на шампионите – солидарна шема за 2023/24 за женските екипи од Првата МФЛ. Екипите од Првата ЖМФЛ од натпреварувачката сезона 2023/24 ќе добијат вкупно 90.000 илјади евра. Распределбата ќе биде рамномерна за сите девет екипи од ланската натпреварувачка сезона.

УО на ФФМ донесе одлука цената на влезниците за натпреварот Македонија – Велс (Национална арена „Тодор Проески“, 25-ти март 2025) од квалификациите за СП 2026 да биде 300 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина), а 900 денари билет за прва категорија (северна трибина, блок 15).

Влезот за натпреварот меѓу женските репрезентации на Македонија и Косово (21 март, тренинг-центар „Петар Милошевски“) ќе биде бесплатен. Влезница нема да се наплаќа и за натпреварите на женската репрезентација до 19 години против Босна и Херцеговина (23 и 25 март)

Донесена е одлука за набавка на машини и механизација за одржување на терените на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, за зголемување на таксите за координаторите по региони во ФФМ Детскта лига. Таксата за координаторите во регионите од Детска лига се зголемува речиси за 30 проценти. Зголемувањето, исто така, се однесува и за судиите во Детската лига, односно судиската такса се зголемува за близу 30 проценти.

Поголеми такси ќе има и за делегатите во Прва и Втора машка фудбалска лига. Таксата за делегатите во Прва и Втора МФЛ се зголемува за 30 проценти.

„Врз основа на добиено барање за членство во Фудбалската федерација на Македонија од страна на Здружението на судии и приложената документација (од 2012 година, Здружението на судии нема одржано Собрание), Управниот одбор на ФФМ одлучи да го упати Здружението на судии да свикаат Собрание во текот на оваа година согласно нивниот Статут и да изберат органи согласно Статутот. По направен упис во Централниот регистар да приложат документација врз основа на која УО на ФФМ ќе може да предложи Здружението на судии да стане членка на ФФМ на Собрание во 2026 година“, објавија од Федерацијата.

- Оглас -

Најнови вести