Борусија лесно се справи со Спортинг, Милионерите веќе знаат кои се двете опции за следен ривал

Борусија Дортмунд се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите откако во реваншот против Спортинг Лисабон одигра без голови. На германскиот тим му одговараше овој резултат затоа што на првата средба во Португалија славеше убедливо со 3:0, па вечерва едноставно мирно го одработи реваншот.

Милионерите не постигнаа гол, но доминираа пред своите навивачи. Имаа голема шанса да постигнат погодок, посебно кога беше досуден пенал во второто полувреме, но ударот на Гираси го одбрани гостинскиот голман.

Ланскиот финалист во Лигата на шампионите сега ќе ја чека ждрепката, која ќе биде в петок, за да го дознае следниот ривал. Јасно е дека тоа ќе биде една од екипите на Астон вила или Лил.

- Оглас -

Најнови вести