Реал Мадрид има сигурно водство од 2:0 против Манчестер сити во реванш-мечот од нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб доминира на „Сантијаго Бернабеу“, а вистински предводник е Килијан Мбапе.
Фудбалерот кој беше доведен во Реал на почетокот на оваа сезона покажува дека е вистинско засилување, постигнувајќи ги двата гола. Нецели четири минути му беа доволни на Мбапе да погоди, и тоа на фантастичен начин со лоб удар.
Се играше 33-тата минута кога по асистенција на Родриго, Мбапе повторно донесе радост за фановите на стадионот на Реал. Ако се знае дека Реал победи и на првиот меч со 3:2, значи дека сега има предност од вкупно 5:2, па пред Манчестер сити е невозможна мисија во второто полувреме во Мадрид.
Предност од 2:0 има и ПСЖ во дуелот со Брест. Бредли Баркола го отвори резултатот со погодок во 20-тата минута, а тој гол може да го видите ТУКА.
Светците зголемија на 2:0 со погодокот на Кварацхелија во 39-тата минута и сега имаат огромни 5:0, што значи дека францускиот првак веќе може да се внесе како учесник во осминафиналето на ЛШ.
Голови единствено нема во Ајнтховен, каде што ПСВ игра против Јувентус. Италијанскиот гигант има предност од 2:1 стекната по првиот меч одигран во Торино, што е најава за неизвесно второ полувреме на дуелот во Холандија.