Реал го „згази“ Манчестер сити, но е дури петти фаворит за освојување на титулата во ЛШ

Британската компанија за спортска анализа и статистика „Опта“ реши да направи пресметка за тоа кој клуб какви шанси има за освојување на трофејот во Лигата на шампионите, и тоа пред да бидат познати двојките во осминафиналето. Утре точно на пладне ќе бидат познати двојките во осминафиналето, а веќе се познати можните парови.

Реал Мадрид во ноакут-фазата двапати го победи Манчестер сити и оди понатаму со вкупен резултат од 6:3. Иако Кралскиот клуб беше убедлив, сепак статистиката пресмета дека актуелниот бранител на континенталниот трон е дури на петтото место на листата на фаворити за освојување на пехарот.

Прв фаворит е Ливерпул, кој има 20,2 отсто шанси да биде европски првак. На оваа листа потоа следуваат Арсенал 16,8 отсто, Барселона 12,7 отсто, Интер 12,4 отсто и Реал Мадрид со 10,5 отсто шанси да биде европски првак.

Со шанси од 5 до 10 отсто се екипите на ПСЖ, Баер Леверкузен и Баерн Минхен. Атлетико Мадрид има 3,8 отсто шанси, а со помалку од еден отсто шанси да бидат европски прваци се екипите на Астон вила, Лил, Бенфика, ПСВ Ајндховен, Борусија Дортмунд, Бриж и Феенорд.

- Оглас -

Најнови вести