Sвездата на Сан Антонио, Виктор Вембаљама, ќе го пропушти остатокот од сезоната во НБА-лигата откако му беше констатирана длабока венска тромбоза на десното рамо, соопштија од клубот. Ваквата состојба на Вембањама му била констатирана веднаш по враќањето од олстар-мечот, а во клубот веруваат дека ова е изолиран случај.
Тромбозата е форма на згрутчување на крвта, која бара внимателен третман и постојано следење. Ваквата инфорација е тежок удар за Сан Антонио, со оглед на тоа дека нивната игра се градеше токму врз францускиот интернационалец, кој беше прв пик на драфтот во 2023 година.
Вембањама има импресивна статистика во НБА-лигата со 22,5 поени, 10,3 скока и 3,5 блокади по натпревар.