Халанд: „Мора да останеме обединети, ќе се издигнеме повторно“

Ерлинг Халанд не беше дел од екипата на Манчестер сити која загуби од Реал Мадрид со 3-1 на „Сантијаго Бернабеu“ и доживеа елиминација од Лигата на шампионите. Норвежанецот имаше повреда од мечот со Њукасл и не се чувствуваше подготвен, а Пеп Гвардиола не сакаше да ризикува со него.

Норвежанецот покажа оптимизам по елиминацијата и најави дека повторно ќе се вратат на препознатливите патеки.

„Мора да останеме обединети. Понекогаш во животот треба да поминете и низ тоа за да научите бидејќи не може секогаш да победувате. Повторно заедно ќе се издигнеме“, рече Халанд.

Неговиот настап останува под знак прашалник и за неделното дерби против Ливерпул во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести