Бодо/Глимт по вистинска драма дојде до пласман во осминафиналето од Лигата на Европа. Екипата од Норвешка на домашен терен го совлада Твенте дури по продолженијата во меч кој долго ќе се прераскажува.
Твенте имаше предност од 2-1 од првиот меч, но и водство од 0-1 по првиот дел во Норвешка. Сепак, домашните успеаја да израмнат, а со голови во 92-рата и во 94-тата минута да дојдат и до 3-1, но тоа не беше крај, Твенте во 96-тата минута постигна гол за 3-2 и се избори за продолженија.
Во дополнителните двапати по 15 минути, домашните постигнаа уште два гола и дојдоа до победа од 5-2.
Она што е за одбележување на овој меч е фактот дека беа постигнати дури три автогола. Гостите двапати ја погодија сопствената мрежа, додека домашните еднаш.
И во Конференциската лига се играа продолженија на еден меч, оној помеѓу Хајденхајм и Копенхаген. Бундеслигашот победи со 1-2 на првиот меч, но Данците возвратија со иста мера, а токму Копенхаген е екипата која продолжува во осминафиналето откако беше поуспешна во продолжението од двапати по 15 минути и со 1-3 победи на гостувањето во Германија.