Челзи има доверба во Мареска и покрај кризниот период

Ситуацијата за Енцо Мареска во Челзи не изгледа воопшто сигурна. Сините од Лондон претрпеа кошмарен пораз од Брајтон во последното коло од Премиер лигата, а притисокот врз менаџерот на лондонскиот клуб расте со секој изминат натпревар.

Челзи не успеа да упати ниту еден прецизен удар кон голот на Брајтон, иако имаше 70% посед на топката.

И покрај сериозниот пад во формата на Челзи и испаѓањето од Топ 4, еден од директорите на клубот, Џонатан Голдштајн, беше категоричен дека раководството не размислува за смена на менаџерот.

„Мареска врши одлична работа. Челзи ја започна сезоната многу добро. Енцо направи фантастична работа во составувањето на овој тим со целиот овој талент и ние сме многу оптимистични за остатокот од сезоната“, изјави Голдштајн.

На прашањето дали Мареска ќе остане тренер на Челзи до крајот на сезоната, тој одговори решително: „100%!“.

- Оглас -

Најнови вести