Робин ван Перси ќе биде новиот тренер на Феенорд. Поранешниот холандски репрезентативец постигнал договор со клубот во којшто ја започна и ја заврши својата кариера.
Четириесет и едногодишниот стратег во моментов го води Херенвен. Во Феенорд, Ван Перси ќе го замени Паскал Босхарт. Привремениот тренер го стабилизира тимот по отпуштањето на Бријан Приске и дури успеа да го елиминира Милан во Лигата на шампионите.
Асистент на поранешниот напаѓач во клубот од Ротердам ќе биде Рене Хаке, кој ја извршуваше истата улога и во Манчестер јунајтед за време на мандатот на Ерик тен Хаг. Двајцата ќе потпишат договори до 2027 година.