Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс остварија гостинска победа против Портланд трејлблејзерс со 102-110 откако успеаја да го надоместат заостанувањето од првото полувреме. Леброн Џејмс беше неверојатен со 40 поени и осум асистенции, носејќи го својот тим до победата, додека Остин Ривс додаде 32 поени.
Лука Дончиќ го пропушти натпреварот поради повреда на листот на ногата.
Дени Авдија беше најдобар кај Блејзерс со 28 поени, а Тумани Камара додаде 19.
Денвер нагетс остварија убедлива победа над Шарлот хорнетс со резултат 129-115. Никола Јокиќ беше одличен со 29 поени, 17 скока и девет асистенции, предводејќи го Денвер до деветтата последователна победа. Најефикасен на натпреварот беше Џамал Мареј со 34 поени, додека Арон Гордон додаде 18 поени.
На спротивната страна, Мајлс Бриџис беше лидер на Хорнетс со 36 поени и 13 скока.
Резултати НБА: Индијана – Мемфис 127-113, Филаделфија – Бостон 104-124, Атланта – Орландо 108-114, Бруклин – Кливленд 97:110 (прод.), Њујорк – Чикаго 113-111, Милвоки – ЛА клиперс 116-110, Денвер – Шарлот 129-115, Сан Антонио – Феникс 120-109.